За Нас

Pizza Jakomo  е бренд кој започна со работа во далечната 1987 година во Кавадарци и е препознатлив како еден од првите приватни брендови во Кавадарци. После долги години успешна работа, решивме да го направиме Pizza Jakomo од локален во национален бренд. Своето претставување во Скопје го имавме на 11ти Ноември 2013та година кога ја отворивме својата прва пицерија во главниот град. Нашите производи беа одлично прифатени во Скопје, поради што се одлучивме да отвориме уште една локација со цел нашите производи да им бидат достапни на поголем број клиенти. На 15ти Јануари 2015та година се отвори пицеријата во Карпош (наспроти Сити мол) и со овие две локации го покриваме поголемиот дел од градот со бесплатна достава. Од неодамна почнавме со Еко достава. Располагаме со возен парк од 7 електрични автомобили и 6 електрични скутери. Тоа значи 0% емисија на штетни гасови во воздухот. Доставата и понатаму е бесплатна и ги покрива следните населби: Пицеријата во Центар ги покрива населбите: Аеродром, Кисела Вода, Припор, Црниче, Водно и Центар, додека пицеријата во Карпош ги покрива Дебар маало, Карпош, Козле, Влае, Хром и Бардовци.


КАКО ФУНКЦИОНИРА СИСТЕМОТ СО КУПОНИ?


Со секоја направена нарачка си добивате соодветен купон, без разлика дали нарачката ви ја доставуваме или си ја подигнувате сами. Целта на купоните е да ги наградиме нашите редовни клиенти. Со 8 собрани купони за Фамилијарна пица си добивате Фамилијарна пица гратис. Со 8 собрани купони за Средна пица си добивате Средна пица Гратис. Со 8 купони за Пастрмајлија си добивате Пастрмајлија гратис. Со 8 купони за Сендвич си добивате Сендвич гратис. Гратисот може да ви биде било која пица од менито освен Прошуто и Кватро формаџи бидејќи за нив има посебни Купони. Се квалификувате за Фамилијарна Прошуто или Кватро формаџи гратис доколку барем 5 од 8 собрани купони ви се Купони за Фамилијарна Прошуто, истите услови важат и за средна Прошуто или Кватро формаџи, односно барем 5 од 8 собрани купони за средна пица треба да се Купони за средна Прошуто. За Фамилијарна пица си добивате Купон за фамилијарна пица, додека за средна пица си добивате Купон за средна пица. За Стронбиоли, Пица сендвич, Пица ролат и други сендвичи си добивате Купон за сендвич. За Пастрмајлија си добивате Купон за пастрмајлија, без разлика дали е свинска или пилешка. Доставувачот е должен да ви достави посебен купон за секој производ. Доколку не ви се достави соодветниот купон, не сте обврзани да му го платите производот за кој не сте добиле купон, но е од особена важност веднаш да ги проверите купоните, односно во присуство на нашиот Доставувач. Во спротивно не примаме рекламации.


ЛОКАЦИИ
Pizza Jakomo Центар | Ул. 11ти Октомври 54/лок. 321 | (На стара Рампа пред К. Вода).
Pizza Jakomo Карпош | Ул. Манапо 2/лок. 9 | (спроти Сити мол во стариот трговски).
Pizza Jakomo Кавадарци | Ул. Илинденска бр. 71 | (на главната улица према плоштад).